речник контакт

Велешки полицаец со порно снимки уценувал сограѓанка

Силувал сограѓанка заканувајќи и се дека ќе објави нејзини компромитирачки фотографии на фејсбук

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Д.Ѓ.(36) од Велес полицаец од Велес, на служба во Скопје,  поради основано сомнение дека извршил кривично дело – “силување“ .

На почетокот на март годинава употребувајќи лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, на приватниот профил на „Фејсбук“ на оштетената и пратил нејзини слика со интимна содржина притоа порачувајќи и дека има уште една таква слика со иста содржина.  Потоа, Д.Ѓ. и рекол да дојде на улицата „Лазо Трпковски“ во Велес уценувајќи ја дека мора да има сексуални односи со него, оти во спротивно сликите што ги поседувал ќе ги објавил во јавност.

Наредниот ден оштетената се упатила на посочената улица каде што ја пречекал пријавениот кого го познавала од порано. Откако влегле внатре пријавениот и ги покажал сликите кои не и ги дал веднаш,  ја повикал во другата соба каде и рекол да се соблече на што оштетената  одбила. Тој повторно и се заканил дека нема да и ги даде сликите и дека ќе ги објави по што оштетената плашејќи се  сликите да не излезат во јавност била принудена да има интимни односи.
Откако имале сексуален однос пријавениот и ги дал двете слики притоа нагласувајќи и дека не смее на никога да каже ни збор по таа си заминала.

Но пријавениот и натаму продолжил да ја вознемирува преку фејсбук и преку мобилен телефон при што на почетокот на месецов, поточно на 08 мај и напишал порака на фејсбук дека мора повторно да се видат и да имаат односи за време на викендот бидејќи кај него имало уште една, последна слика, со интимна содржина којашто во спротивно ќе ја објавел на фејсбук или ќе ја продадел за пари. По пријавувањето на случајот Д.Ѓ. е приведен во полиција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »