речник контакт

Велешки театар гостува на сцената на Белградско народно позориште со претставата „Нема струја за електричниот стол“

Претставата ќе се одигра на големата сцена на БДП „Оливера и Раде“

Петар Печков

Утревечер, среда, велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ гостува  во Белградско драмско позориште со претставата „Нема струја за електричниот стол“.  Работена по текст на  современиот бугарски писател Александар Секулов, режисер е Дејан Пројковски.

Во дуо драмата играат  Васил Зафирчев како осудениот  и Исидор Јованоски како џелатот.  Музиката за претставата и нејзината изведба во живо е на Сашко Костов. Претставата ќе биде одиграна на големата сцена на БДП „Оливера и Раде Марковиќ“.    

Со истата претстава велешки театар настапи есенва и во Пловдив и во Темишвар, Европски градови на културата за 2023 година.

Гостувањето е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Београдско драмско позориште, Српско народно позориште Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“, Нови Сад, и Театар „Јордан Х. К. Џинот“ Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »