речник контакт

Велешки театар и Црногорско народно позориште од Подгорица, потпишаа договор за соработка

Соработката подразбира меѓусебни гостувања, копродукции, размени на претстави, соработка со кадар

Петар Печков

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и Црногорско народно позориште (ЦНП) од Подгорица потпишаа договор за соработка. Целта е регионална соработка. Можности за соработка има  преку гостувања на фестивалите „Стоби“ „5ре“ или тамошниот ФИАТ во Подгорица.

„Овој договор е почеток на соработка на овие два театри.Тоа е значајно за регионална соработка, како и можност нашиот театар да се претстави во Велес.Соработката подразбира меѓусебни гостувања, копродукции, размени на претстави, соработка со кадар. Се радувам на натамошната соработка“ – кажа директорот на ЦНП Илија Суботиќ.

„Спојуваме две култури, две држави кои порано биле во заедница, но врските не се раскинале. Идејата е договор помеѓу две театарски куќи, размена на режисери, на актери,  гостувања на фестивали. Уверен сум дека создаваме  добро за двата театри, ќе создаваме големи претстави со кој ќе имаме успеси во регионот и во Европа“ – рече Жарко Спасовски директор на велешки театар.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »