речник контакт

Велешки театар со ,,Старицата од Калкута,,на фестивалот во Прилеп

Во придружната програма ќе се изведе претставата ,,Класен непријател,,

Петар Печков

Во официјална конкуренција за наградите од театарскиот  фестивал  ,,Војдан  Чернодрински,, кој започна синоќа a сед одржува во Прилеп се наоѓа и претставата ,,Старицата од Калкута,, продукција на велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,.  

Работена по текст на израелскиот автор Ханук Левин а во режија на  Софија Ристевска Петрушева.  Таа ќе биде изведена во официјалната програма вторник од 22 часот. Претставата е работена по раскази на Левин еден од  најпознатите, најизведувани автори од  Израел, и  е еден вид на  кабаре.

Во  ,,Старицата од Калкута,, играат  Васил Зафирчев,  Кети Борисовска, Слободанка Чичевска, Фаик Мефаилоски, Славица Манаскова, Жарко Спасовски, Талија Настова. Сценографијата е  на Филип Коруновски, костимографија Андреј Ѓорѓиевски, кореографија и сценски движења  Кире Миладиноски, музички соработник  Сашко Костов,  автор на видео Данчо Стефков. Во конкуренција за награди се единаесет претстави.  

 В недела вечер од 20ч.  во придружната програма велешкиот театар ќе ја изведе ,,Класен Непријател,,  од   Најџел Вилијамс а во режија на Теа Беговска, претстава која  ја третира класната разлика меѓу луѓето, не само по социјала, туку и во животна и човечка смисла.

Во претставата настапуваат Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Марија Стефановска, Александар Велјановски, Самоил Стојановски, Драгана Босниќ, Славица Манаскова, Кирил Гравчев, Слободанка Чичевска, Алексадар Георгиев, Весна Бобевска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »