речник контакт

Велешки театар со две гостувања деновиве на значајни македонски фестивали

Оваа седмица на репертоарот на велешки театар е претставата „Нема струја за електричниот стол“ и гостување на српската актерка Лидија Вукичевиќ со проектот „Обвинителка“

Петар Печков

Велешките актери, од театарот „Јрадан Хаџи Константинов џинот“ кои изминатата седмица паузираа од настапи на матичната сцена, поради одржувањето на фестивалот „5ре“, беа и  се  активни со гостувања.

Го затворија фестивалот на монодрамата  кој се одржува во Битола каде во сабота ја изведоа претставата  „Нема струја за електричен стол“  во режија на Дејан Пројковски. Вечерва пак, понеделник, гостуваат на Кочани на Фестивалот на аматерски театар, ДАФ 2023 каде ќе ја отвораат манифестацијата со претставата „Синиот портокал“ во режија на Александар Ивановски.

Претставата „Инферно“ на велешки театар е во програмата на годинашното издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. 

Оваа седмица на репертоарот на велешки театар в сабота е претставата „Нема струја за електричниот стол“  а петок е гостување на српската актерка Лидија Вукичевиќ со проектот „Обвинителка„

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »