речник контакт

Велешки театар со премиера на новогодишна претстава за деца

Претставата е „НОВОГОДИШНА ЗБРКА“ работена според текст на Катерина Момева, во режија на Деан Дамјановски

Петар Печков

Со цел збогатување на културната понуда во градот со содржини наменети за најмладата публика, а во пресрет на Новогодшните празници,  велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот, подготви новогодишна претставата за деца. Оваа театарска продукција е наменета за деца на возраст од 4 до 12 години.

Насловена е „НОВОГОДИШНА ЗБРКА“, работена според текст на Катерина Момева, во режија на Деан Дамјановски. Денес понеделник на пладне се случи и премиерата, на која присуствуваа децата од ОУ Св. Кирил и Методиј.

Во претставата настапуваат актерите: Кети Борисовска, Зорица П. Панчиќ,Исидор Јованоски,Талија Настова, Самоил Стојановски,Благојчо Стојанов и Симона Димковска.

Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се креација на Катерина Чукниева а автор на музиката е Темелко Андреев.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »