речник контакт

Велешки театар со премиера на претставата „Драма изгубена во времето“

Во претставата, која е дуо драма, има мешање на неколку медиуми и таа е мултимедијална. Премиерата е закажана за петок на мала сцена

Петар Печков

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Костандинов Џинот“  петок вечер премиерно, на малата сцена  ќе ја изведе претставата „Драма изгубена во времето“  по текст на Сашко Насев  работена според мотиви од расказот  на грчкиот автор Танасис Валтимос, „Темно сино, речиси црно“, во режија на Деан Дамјановски.

„Во претставата се преплетени повеќе приказни од  двата основни лика, кои се именувани „тој“ и „таа“.  Тие се актери кои на сцената играат и дел од своите приватни  животи и професионални. Во драмата на Насев има мешање на неколку медиуми. Претставата бара голема прецизност, оти бргу се менуваат медиумите. Таа е документ за создавање на претстава, давање живот на текст на сцената,  “ - кажа режисерот Дамјановски.  

Во претставата, која е дуо драма,  има мешање на неколку медиуми и таа е мултимедијална, што дава динамика на дејствието. Актерите Талија Настова и Самоил Стојановски, толкуваат по четири улоги, во четири различни приказни.  

„Во претставата се мешаат два медиуми, филм во театар, театар во филм. Поднасловот на оваа драма е „Љубовен триаголник“  и се обидовме да го покажеме тој триаголник помеѓу театар, филмот и актерите“ - рече Настова.  

Сценографијата во претставата е на  Филип Коруновски,  видео дизајнот на Данчо Стефков, аудио дизајн Сашко Костов и дизајн на светло  Марјан Тодорвски.

„Имавме интересен просец на создавање на претставата. Секоја реченица, секој збор се расклопуваше и размислуваше како да се направи приемчиво, сите работи, медиуми да се вклопат во една целина“  вели Стојановски.

Претставата „Драма изгубена во времето“ е работна со средства од сопствен буџет на театарот  и таа е трета премиера на велешки театар годинава.

фото театар Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »