речник контакт

Велешки театар со четири премиери годинава

Ќе се играат и неколку претстави од сопствени средства а ќе се обноват стари претстави

Петар Печков

Народниот театар ,,Јордан  Хаџи Константинов Џинот,, годинава на програма ќе има четири премиери, претстави кои се финансирани од Министерството за култура. Но ќе се работа и неколку продукции од сопствениот Буџет, најавија од оваа културна институција, која минатата година имаше 50-тина претстави а новата театарска зграда беше домаќин на бројни други настани од манифестацијата ,,Велес град на културата,, Поради тоа театарот немаше многу простор за сопствената продукција, за сопствените претстави.  Но годинава таква ,,окупација,, на сцената нема да има, што отвора простор за повеќе  програма и претстави на велешки театар.    

Подржани се четири претстави, кои се субвенционирани од Министерството за култура. Прва  премиера кој текст го откупивме е ,,Старицата од Калкута,, на израелскиот автор  Ханох Левин а во режија на Софија Ристевска, политички и сатиричен текст, претстава која ќе се движи помеѓу комичното и трагикомичното.    Вториот премиерен текст ќе биде ,,Бели ноќи,, на Достоевски во режија на Ѕвездана Ангеловска, со кој соработувавме за Онегин и  Крал Лир.  Третиот текст кој ќе биде одигран пред почетокот на летото е на холандскиот автор  Херман Хиерманс ,,Добра надеж,, во режија на Александар Ивановски.   Во втората половина од годината ќе започнат подготовките за најголемата наша продукција  ,,Ана Камнена,, авторски текст на Сашо Димовски, исклучителна византиска тема која го следи живото на принцеза која никогаш нема да ја наследи круната  - најави уметничкиот директор на велешкиот театар  Васил Зафирчев.

Првата премиера е планирана за средината на март. Текстот пак на Димоски бил второ рангиран на конкурсот со кој се бараше текст со кој ќе биде отворен велешки театар.  Во договор помеѓу директорот Витанов и уметничкиот Зафирчев, било решено двата по победникот, најдобро рангирани текста да бидат одиграни во велешки театар. Трето рангираниот ,,Круицерова соната,, ќе чека следна шанса за играње, некоја следна година.   Освен овие ќе се работи и на обнова на дел од претставите кои се играа во старите велешки театар. Така на сцената се вратени ,,Ноќите во бел сатен,, и ,,Тартиф,, а годинава е планирано да се обнови и ,,Бетија,,. 

Имаме во план да претставиме 3-4 претставиме од сопствени средства. Дел од нив се за отворената сцена, која ја планираме  во дворот од театарот. Таму ќе играме    кон крајот на мај, до крајот на   јули. Ќе имаме и задолжително една детска претстава, наменета за најмладата публика. Лани им ја подаривме ,,Волшебната шума,, - рече Зафирчев.   И годинава ќе има гостувања на театри од другите градови   на велешката сцена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »