речник контакт

Велешки театар со „Едвард Втори“ вечерва гостува во Подгорица

Претставата ќе биде изведена на сцената на Црогорско народно позориште

Петар Печков

Вечерва, вторник, од 20 ч., на сцената на Црогорско народно позориште во Подгорица ќе биде изведена претставата „Едвард Втори“ на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. 

Таа е работена  по текст на Кристофер Марлоу, драматизација на Сашо Димоски  а режијата  е  на Украинецот Андреј  Жолдак.  Претставата „Едвард II“   е  копродукција, дел од меѓународен проект со Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија  насловен  „Манифест“.  Премиерата беше на Охридско лето  2023 година. 

Претставата беше  изведена лани на фестивалот во Никшиќ Црна Гора, каде доби две награди Јована Миладинов за најдобра женска ролја а Васил Зафирчев за најдобра машка споредна улога. На реномираниот фестивал МЕСС во Сараево БиХ,  Миладинов  за улогата на Изабел де Валоа ја доби наградата за најдобра млада актерка.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »