речник контакт

Велешки театар со „Слуга на двајца господари“ учесник на Фестивалот на комедија во Куманово

Претставата ќе се одигра понеделник вечер

Петар Печков

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“  в понеделник, 10 октомври, гостува во Куманово  каде  настапува на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.  Тoj  е дел од официјалната програма, со претставата  „СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ“

Тоа е позната и популарна комедија во историјата на светската драма и театар, напишана во 1746 година како типична комедија дел арте. Дејството е сместено во Венеција, а во основата се актерската импровизација и бурлеската со кои се карикираат личности од сите општествени слоеви.

Претставата е комедија, која зборува на современ јазик, за проблемите кои се вечни. Тоа е светот на богатите и сиромашните. Во животот е социјална драма а во театарот е комедија. Главниот јунак се бори да врзе крај со крај, не месец за месец, туку ден за ден. Низ неговата приказна го следиме цело едно општество, што се случува.

Режијата е на  Ненад Витанов

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »