речник контакт

Велешки театар ја подготвува претставатa „Едвард Втори“ за премиера на Охридско лето

Премиерата во Охрид е на 6 август, во Велес на матичната сцена на 9 септември

Петар Печков

Велешкиот театар подготвува премиера, која ќе биде изведена на годинашново Охридско лето. Претставата „Едвард II“ е дел од театарската програма на оваа манифестација. Режисер е Украинецот Андреј  Жолдак, кому ова е трета постановка во македонските театри после „Електра“ и „Соларис“ во МНТ. Работена е по текст на Кристофер Марлоу.

„Имавме еден исклучителен процес на градење на претставата, со голема актерска, меѓународна екипа. Создаваме, оставаме производ кој долго ќе се памети. Пред се поради естетичките параметри кои се кодирани во претставата. Верувам дека ќе имаме производ, кој досега не сме го виделе на театарските сцени од регионот“ - кажа Сашо Димоски директор на велешки театар.   

Претставата „Едвард II“   е работена како дел од меѓународен проект со Драмскиот театар од Пловдив насловен  „Манифест“ . Главната машка ролја ја толкува гостинот од Бугарија Борис Крстев   а женската е  на Јована Миладинов студентка на актерска игра. Сценографијата е на Даниел Жолдак во соработка со Грузиецот  Симон Мачабели,кој пак ја работи костимографијата со   Раде Василев а композитор на музиката е Сашко Костов.  

„Едвард II“ е втора годинешна премиера финансирана од Министерството за култура а трета  на велешки театар годинава.  Премиерата во Охрид е на 6 август, во Велес на матичната сцена на 9 септември а истата ќе биде прикажана и во Пловдив на 14 септември како содржина од фестивалот „Театар на крстопат“. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »