речник контакт

Велешкиот Мишо Ковач, голем хуманист

Левче Николов има дарувано 106 пати крв

Петар Печков

Велешанецот Левко Николов неодамна доби признание за 100 пати дарувана крв. Нему општинскиот Црвен крст му  даде признание за хуманоста. Тој има од ретката крвна група нулата негатив која е многу барана, оди дава на сите  а прима само од сопствената. 

Давам и по 4  или 5  пати годишно, некој пат и по повик .  Моите родители  не беа причината за која станав крводарител. Требаше да се оперирам,  тешко можеше да се  набави мојата крвна група и од тој себап решив да дарувам,  да спасам живот. Моја крвна група  нулта негатив се бара, досега 106 пати дадов крв - вели Левко.

 Започнал 1976-та кога работел во Порцеланка а продолжува и денес. Николов кој годинава полни 60 години, додава дека ќе продолжи да дарува крв се додека може. Дел од велешани Левче го знаат како лице  од градското живеење, познат е како  велешки Мишо Ковач.

 Пеев по велешки фестивали на времето и до ден денес пеам .Сум пеел на многу настани и тоа песни од Мишо Ковач тие најмногу ми лежат. На различни места, за различни пригоди, потпевнувам и денеска, ако има потреба да расположам пријатели. Ги пеам песните на    Мишо Ковач оти таква ми е бојата и гласот, најмногу на  него наликувам - вели Левче.

 Постарите велешани добро ги знаат неговите изведби на ,,Ти си песма моје душе,, Остала си увјек иста,,. ,,Један дан живота,, и многу други. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »