речник контакт

Велешкиот состав „Оловна рестрикција“ во финалето на Лузер фест во Скопје

Групата е оформена во 2009 година а бендот свири панк рок

Петар Печков

Велешкиот состав „Оловна рестрикција“а е избран за учесник на финалето од годишниот „Лузер фест“.   Групата е оформена во 2009 година  а бендот  свири панк рок. Досега тие имаат свирено на повеќе концерти и нивната моментна постава е: Урум-вокал, Јоцо-гитара, Борче-бас и Горан-тапани.

Финалистите  кои што ќе настапат  на овогодинешниот „Лузер фест“  се  Лузер, Беседа, Ендемски вид, Мензел, Харакири,  HALFGOD,  RUSTSTAINED, JEFF BAHAMI и велешкиот Оловна рестрикција. 

Овие групи  ќе настапат на 3 декември во МКЦ Скопје од 20 ч,  на вечер посветена на новата музика од македонската сцена, која се враќа во офф програмата на „Таксират“, како предвесник на главната вечер на фестивалот.

Организаторите „Таксират“ / „Пасворд“ посочуваат дека изборот на  победникот го прави публиката и жири  кои ќе биде објавено непосредно пред настанот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »