речник контакт

Велешкиот суд казни со по 800 евра, четири лица кои не го почитувале полицискиот час

Две од лицата се од Велес, две од Уланци општина Градско

Петар Печков

На ден 30-ти март  од страна на Основниот суд Велес донесени се пресуди за издавање на казнен налог К.бр.86/2020, К.бр.87/2020 и К.бр.88/2020, со кои пресуди огласени се за виновни четири лица за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од чл.206 ст.1 од Кривичниот законик и изречени им се парични казни од по 40 дневни глоби од по 20 Евра или по 800 евра за секој од сторителите. 

Сторителите се огласени за виновни и казнети, поради непочитување на Одлуката за изменување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ донесена од Владата на РСМ на седница одржана на ден 23-ти март  годинава, објавена во Службен весник бр.74, која одлука донесена заради спречување и сузбивање на опасната болест корона вирус COVID -19. Со истата  одлука се забранува движење на населението на територијата на РСМ во временскиот период од 21 часот до 5 часот наредниот ден.

Претходно велешката полиција објави дека кривичните пријави се поднесени против лицата:   Т.Н.(20 год) од Велес кој  25-ти март по полноќ  во 00.25 часот, бил уапсен  кај касарната на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес,  Н.А.(39 год) од Велес, кој бил уапсен на 25-ти март  10 минути по полноќ , во близина на угостителски објект на ул. „8 Септември“, и две лица од село Уланци, општина Градско О.М.(22) и И.М.(25), , бидејќи биле уапсени на  27-ми  во 40 минути по полноќ , во близина на винаријата  Стоби во Градско.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »