речник контакт

Велешкиот суд со нов претседател

Јордан Лазаров е новиот претседател на Основен суд Велес

Петар Печков

Републичкиот Судски Совет на денешната седница  изврши избор на претседател на Основен Суд велес. Помеѓу петмината кандидати, членовите на РСС се одлучија за судијата Јордан Лазаров ( 61 год). Ова за ТРМР го потврдија од РСС.

Тој оваа функција  претседател на ОС Велес   ја вршеше во периодот 2001-ва -2006-та а беше исто така избран во времето на владеењето на  ВМРО- ДПМНЕ . Тој  како судија во велешкиот суд е од 1984-та година и работи на граѓански предмети.

 Ова беше петти обид за избор на претседател на ОС Велес, а процедурата започна на почетокот од годинава и завршува по 12 месеци, во кој период функцијата в.д ја вршеше Виолета Мојсова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »