речник контакт

Велешките пазарџии лути на пазарната инспекција

Потпишана петиција која ќе се достави до раководството на инспекцијата и Советот на општината, оти не ги казнува дивите препродавачи туку нив

Петар Печков

Сопствениците на тезги од велешкиот пазар, кои не продаваат земјоделски производи а се регистрирани како трговци, се лути на пазарната инспекција. За нив е спорна контролата што ја вршат на пазарот на легалните трговци, додека надвор од просторот каде се дивите препродавачи, за нив нема никаква контрола. Поради ова педесетина велешки трговци кои продаваат на пазар собра потписи и петицијата ќе ја достават до Советот на општина Велес и до раководството на пазарната инспекција.

 Реагираме затоа што секојдневно сме мета на пазарната инспекција. Тоа би било во ред доколку тие прво ги средат дивите или ако сакате препродавачите кои се надвор од пазарот. Доаѓаат нас не казнуваат додека тие надвор немаат никакви документи, ни се смеат во лице, за нив ништо, остај ги нека печалат а да не плаќаат. Тие не постојат а работат, ние оти работиме не казнуваат. Плаќам секој месец за тезга по девет илјади денари, плус и радио дифузна такса. Па зорле не тераат да кренеме раце и одиме да препродаваме. Затоа ги собравме овие потписи, прво нека ги средат препродавачите потоа нека доаѓаат нас да не казнуваат. А дека може да се воведе ред, знаеме сите пред пет, шест  години кога во неколку заеднички акции на полицијата и пазарната инспекција во неколку наврати дивите препродавачи беа  исчистени  – велат велешките трговци кои продаваат на Градскиот пазар.

Со овој проблем се судруваат и  надлежните од ЈКП Дервен во чии рамки работат пазарите.

Неколку пати сме интервенирале до пазарната инспекција но за жал нема резултат. Дивите препродавачи кои ги има  на околните улици околу пазарот нема кој да ги санкционира. Имаме реакции од продавачите во пазарот но немаме ингеренции било што да сториме – вели Љупче Лазевски раководител на РЕ Пазари при ЈКП Дервен.

Неговата проценка е дека ги има околу педесетина.  Освен што   пречат на редовните трговци тие се нелојална конкуренција, го узурпираат блискиот и единствен паркинг на левата страна  од градот, улицата Петре Прличко која во пазарните денови е тешко проодна, ги имаат заземено тротоарите, што создава вистински хаос околу пазариштето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »