речник контакт

Велешките болни се лекуваат во ладни соби

Студени радијатори, ладни соби, болни пациенти, ваква е состојбата во велешката Општа Болница.

Петар Печков

Студени радијатори, ладни соби, болни пациенти, ваква е состојбата во велешката Општа Болница. Иако деновие температурата почна да се симнува и по нулата, пациентите мора сами да се снаоѓаат и се грижат за и онака нарушеното здравје. Наместо да оздравуваат тие се жалат дека поради студот кои владее во просториите, уште повеќе се разболуваат.

- Што да кажам, кога е студено. Парното работи како кандилце, едвај грее. Ќе го пуштат наутро и малку навечер и толку. Поради ова мораме да си носиме од дома греалки за да се стоплиме. Реагиравме до докторите, тие само слегнуваат со рамениците, не било  до нив. Како ќе оздравеме ако нема греење – вели Сава Ристовска пациентка во болницата. За нив е неразбирливо што во ваква институција која се грижи за здравјето, надлежните штедат на нив. Наместо топли болнички соби, тие имаат ладни простории во кој ниту ќебињата не помагаат пациентите да се згреат.

- Сместена сум во физикално оддление кое е оддалечено од главната зграда и имам впечаток дека кај нас е уште поладно, отколку во другите одделенија. За парите кои ги плаќаме за лекување можат барем да обезбедат да ни биде топло. Што фајде од терапијата која ја добиваме, кога во ладната соба пак ни се враќа старата состојба – вели Живка Дангалова. За надлежните од ЈЗУ Општа Болница состојбата не е нова, таа се повторувала со години и тие секоја година се обидуват да ја подобрат со алтернативно греење. Ги следеле надворешните температури и според нив се раководеле, кога парното ќе работи, кога не и колкава топлина ќе зрачи.

- Како институција се снабдуваме со нафта за греење со толкави коичества, колку што ни обезбедува Буџетот. Свесни сме дека во сите простории не постигнуваме  потребна оптимална темепратура. Причина за тоа е што зградата е градена одамна и имаме загуба на енергија додека таа се транспортира до одделенијата. Некаде има и слаба  термо изолација. Потоа како се ширела Болницата, така новите објекти се приклучувала на постојниот систем, кој не е проектиран за толкав простор – изјави д-р Весна Чадиева портпарол на Болницата во Велес. Во некои одделенија, како што е детското и во одделнијата за интензивна нега, се ангажирале и дополнителни извори на греење а на пациентие им е дозволено да си носат и греалки од дома. Раководството се обидувало проблемот да го надмине и со донации, со цел на пациентите да им се овозможат нормални услови за лекување.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »