речник контакт

Велешките гимназијалци на Републичкиот театарски фестивал на аматери

Во Кочани тие ќе настапат со претставата ,,Дома,, вторник 24 мај

Петар Печков

На 52-то издание на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани  ќе се одигра претставата ,,Дома,, во изведба на велешките Гимназијалци.  Изборот е направен од страна на селекторот Дарко Спасов,  а на гледачите ќе им понуди десетина театарски изведби на ансамбли и групи од Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора.

Манифестацијата ќе започне в понеделник, 23 мај, во 19,50 минути со свеченото отворање и настапот на културното друштво “Стична - Дрзне ин лепи“ од Иванчна Горица, Република Словенија со претставата “Хамлет“ од Вилијам  Шекспир, а во режија на Трајче Ѓоргиев. Истата вечер по оваа претстава, ќе настапат домаќините од ЦК “Бели мугри“со драмската изведба на “Просидба“ од Антон Павлович Чехов што исто така ја режираше Трајче Ѓооргиев.

За вториот фестивалски ден се најавува гостувањето на драмската секција од Гимназијата “Кочо Рацин“ од Велес со претставата “Дома“ од Људмила Разумовскаја во режија на Слобданка Чичевска, а потоа ќе настапи аматерскиот театар од Колашин, Црна Гора со едночинката “Авиоспотинг“ од Иван Брдар, под режисерската палка на Зоран Ракочевиќ.

За среда, 25 мај, се најавува гостувањето на драсмкото студио од домот на културата од Богданци со комедијата “Без пари или не плаќам“ од Дарио Фо, што ја режираше Кире Георгиев. По нив на Фестивалот ќе учествува младинската сцена од тетарот од Врање со текстот “Водачот“ од Радое Домановиќ во адаптација и режија на Бојан Јовановиќ.

В четврток гледачите ќе проследат детска претстава на Детското драмско студио од Охрид. Се работи за претставата “Мачка со шапка“ од Теодор Сус Гејзел во режија Јасмина Билаловиќ. Истиот ден во вечерниот термин има две претстави. Најпрво драмската секција од Гимназијата во Куманово ќе ја изведе комедијата “Рибарски караници“ од Карло Голдони, а потоа е аматерската театарска сцена од Прибој, Србија со изведбата на “Чаршија“ од Душан Јанковиќ.

В петок драмската секција “Гимназијалци“ од Охрид ќе настапи со “Домот на куклата“ од Хенрик Ибзен, а потоа и младинската сцена од Битола со “Слугинки“ од Жан Жене. О

бјавувањето на одлуката на жирото и прогласувањето на победниците е в сабота од 20 часот, а во чест на најдобрите ќе гостуваат драмските актери од втора година на Факултетот за драмски уметности од Скопје со изведба на “ Пак три сестри“ работена врз основа на текстот “Три сестри“ од Антон Павлович Чехов.

 Во претставта ,,Дома,, настапуваат: Марија Баркова, Сања Мирчевска, Никола Ризовски, Филип Христовски, Кристијан Јорданов,  Стефан Николовски, Кире Ацевски,  Петар Андреев, Зорица Зикова, Емилија Мурџева. Марија, Панзова како инспициент, светло и тон мајстор Антонио Зографски.Техничката обработка  Дино Јанакиев.

Учениците работеа во соработка со наставниците по македонски јазик и литература: Весна Павлова, Цветанка Карамаркова и Соња Карбева.

Претставата е сурова, но вистинита приказна, за судбината на група млади луѓе кои во виорот на општествените и социјалните превирања во Русија остануваат без своите родители и без своите домови. Препуштени на суровата и студена безмилосност на улицата  тие копнеат по својот дом.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »