Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 август 2016
Шест члена на Општинскиот црвен крст на Велес како и двајца од Вардарска регата беа првите лица кои во неделата претпладне дошле во Скопје, во погодените подрачја да помогнат на тамошното население.
Носевме чамец, пумпи за вода и делуваме во реонот на Економија, едно од најпогодените пред Арачиново. При средбата со вицепремиерот Тодоров и Министерот за труд и социјала коментираа дека прва и први сме од општините каде што се пратени луѓе и пристигнати за помош – изјави Драган Јорданов дел од екипата која вчера несебично помагаше во расчистувањето во приградските населби на Скопје, кои беа зафатени од невреме во саботата навечер.
За да заминат за таму, превоз обезбедил ЈКП Дервен како и средства на Против пожарната единица од Велес. а по иницијатива на локалната власт од Општина Велес.
Денес понеделник и утре вторник, екипи на стручни лица од ЈКП Дервен се на терен во Скопско, каде работат на испумпување на водите од домовите на настраданите.
Tweet |