речник контакт

Велешките екологисти по инцидентот со истечениот мазут барат одговорност од сторителот

ЕД Вила Зора и ЕГ Зелена сила со жестока реакција, на според нив најголемиот еко-инцидент последните години

Петар Печков

Велешките екологисти реагираат на неделниот еко- инцидент кога истече мазут од фабриката за масло „Благој Ѓорев“ и вчерашното продолжение, кога мазутот заврши во реката Вардар.

ЕД "Вила Зора" од Велес најостро реагира на повторниот еколошки инцидент и нарушувањето на животната средина  и прашуваме: Дали со излевањето на големи количини мазут, не е предизвикана општа опасност и дали за ова е поднесена пријава до надлежните органи? Дали е земен примерок од водата во реката Вардар и дали е пратен на испитување? Дали е известен државниот инспекторат? - стои во писменото соопштение.

Од ЕД „Вила Зора“ бараат одговорност врз основа на законот и најитно вработување на квалификуван инспектор за заштита на животната средина во општина Велес, со цел редовно следење на работата и превенција од евентуални еко-инциденти.

Реагираа и од ЕГ „Зелена сила“ од Велес.

Ова не е прв инцидент од овој индустриски капацитет, кој се уште е во постапка на добивање „Б“ интегрирана дозвола. Загадена е јавна површина, теренот каде истекол мазутот, загадена е реката Вардар. Дали е тоа премалку за да се побара кривична одговорност, откако паричната не беше доволна за да се запазат еко-стандардите.  Одамна немало во велешко вака сериозен еколошки инцидент и затоа треба да се преземат сите правни мерки, тој да биде санкциониран, бидејќи се што досега доживеавме и преживеавме беше доволно - велат од групацијата.    

Во неделата околу 10,30ч. од резервоар на Маслодајна истекол мазут а дел од него завршил на улицата Алексо Демниески Бауман. Капацитетот и локалната власт со различни податоци колку мазут истече и  каде тој заврши. Од фабриката велат  не повеќе од 300 литри а од општината еден тон мазут, а дека од него преку решетките за отпадната вода завршил во реката Вардар. Од Маслодајна тврдат дека нема излеано мазут во отпадниот канал.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »