речник контакт

Велешките извидници на Балкански собир

Девет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, во периодот од 10 до 19 август учествуваат на 8 Смотра на Сојузот на извидници на Србија која се одржува во Шабац.

Петар Печков

На оваа смотра се прославува 100 години извидништво на Балканот и смотратат е насловена како 100 години млади. Извидниците од Велес на оваа смотра се наогаат во заеднички логор со извидници од Велс, Словенија, Србија, Црна гора.

Смотрата е посетена од околу 4.000 млади од Европа и сите учесници ќе се дружат десет дена реализирајки активности од традиционалното извидништво, мировното образование, креативноста, старите занаети, патеките на предизвик и преживување, спортските активности, активностите на вода,екологија,  служењето на зедницата,духовноста, христијанството, астрономијата.

Учеството на оваа смотра треба  дека ке биде место каде што велешките извидници ке се стекнат и ке ги осовременат своите извиднички знаења и вештини со што многу подобро ке ја осовременат и популаризираат програмата за работа на велешкиот градски извиднички одред.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »