речник контакт

Велешките извидници победници во Скопје

Извидниците од велешкиот одред земаа учество на извидничките средби “Младите за својот град 2010“ кои изминатиот викенд се одржаа во Скопје

Петар Печков


На покана на ИО “Браќа Миладиновци“ од Скопје,а во рамките на прославата по повод ослободувањето на град Скопје, извидниците од велешкиот одред  земаа учество на  извидничките средби “Младите за својот град 2010“.

Средбите се одржаа во  т.н. “ШКОЛКА“  на 13 ноември  годинава. Велешкиот одред учествуваше со две патроли, а на средбите учествуваа и следните извиднички одреди:  ИО “Методи Митевски -Брицо“, ИПО “Галеб“, ИПО “Јадран“ ИО “Илинден“ и ПСИО сите од Скопје.

Програмскиот дел на средбите имааше карактер на полигонски натпревари поделени во две категории на помлади извидници и извидници. Благодарение на големите подготовките на нашите извидници, истите ги  поминаа полигоните без големи потешкотии и пречки.

Во поединечна конкуренција, нашата прва одредска патрола  „ЛОШИ ДЕЦА“ го освои првото место во состав: Благој Ѓорчевски, Виктор Таневски, Душица Тевчева и Димитар Караџолов.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »