Петар Печков
Објавено: четврток, 08 март 2018
Членовите на Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, организирираа хуманитарна акција, со која им помогнаа на дел од жителите во Општина Чашка.Тоа се семејства од социјален ризик а велешките извидници им донираа пакети прехрамбени прозиводи, училишен материјал и хигиенски средства.
Ваква помош беше доделена на десет семејства и тоа многудетни и семејства во недостапна рурална средина. Тие се жители на селата Мелница, Стари град, населба Чашка, и Теово.Акцијата беше насловена “Направи Добро Дело – во рурална средина“, а истата траеше седум дена
Со оваа помош која што ја доделуваме сметаме дека ќе извршиме иницирање на потреба за поголема грижа од страна на државните институции и други хуманитарни организации кон овие семејства. Акцијата е со подолг временски период се со цел за да може да се посетат сите десет семејства во овие населени места, каде што извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја реализира својата одредска програма и мобилизира и вклучува членство - велат од одредот.
Ова нивна активност беше по повод 22 февруари – Светскиот Ден на Извидници изведена заедно со Сојузот на извидници на Македонија и тоа во периодот од 20 до 25 февруари.
Средствата за помошта во рамките на оваа хуманитарна акција се обезбедени преку проектни активности
Tweet |