речник контакт

Велешките матуранти годинава не танцуваа квадрил

Ако пред некоја година Велес со помош на матурантите влезе во Гинисовата книга, годинава тие не танцуваа

Петар Печков

Поради слабиот интерес на средношколците од завршната четврта година, тие годинава не танцуваа заедно со нивните колеги од останатите градови во Македонија но и од регионот. Организаторот - локланата власт вели дека причина за ова е нискиот лански интерес, само 16 пријавени, а годинава и помалку, поради што не се одржа.


„Матурската парада“ е истовремено играње на танцот „квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“, и се игра во четири слики Панталон, Ете, Пасторел, Финале и трае осум минути.

Манифестацијата е иницирана во 2001 година од Словенецот Томаж Амброж и неговата танц-школа „Уршка“. Покрај забава и новина во одбележувањето на матурата, таа е и Гинисов рекорд во синхронизирано танцување. Во Велес се одржуваше три години од 2008-та до 2010-та.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »