речник контакт

Велешките пензионери пеат како славејчиња

Најдобри на државниот натпревар на пензионерски пеачки друштва

Петар Печков

Велешките пензионери беа прогласени за најдобри  на  Републичката пензионерска ревија на песни, музика и игри 2016 која се одржа во Домот на АРМ во Скопје. Меѓу дваесетте состави учесници, велешани со нивната изведба, кореографија на песните, го освоила жирити и публиката, па ја добила наградата за најдобри.

 Веселите пензионери од Велес настапија со песните ,,Болен ми лежи,, ,, Налеј, налеј,, и ,,Ај што убаво одат,,. Сите три се според кореографија на актерката  Весна Бобевски. Како победници на овој државен натпревар, велешките пензионери наесен ќе учествуваат во Словенија, во Љубљана на Балканска смотра на пензионерски пеачки друштва.  

 Еве линк до една од песните а во изведба на велешките пензионери:

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »