речник контакт

Велешките пожарникари добија теренско возило

Возилото е донација од Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со уште 13 други македонски градови

Петар Печков

Територијалната противпожарна единица Велес доби ново возило. Тоа е донација од Дирекцијата за заштита и спасување. Возилата  на градоначалникот на Велес, Марко Колев, го врачи директорот на ДЗС, Беким Максути.

Тој истакна дека нивна цела е со овој настан да се привлече вниманието кон улогата и значењето на системот за заштита и спасување и да се подигне свеста за важноста од подготвеноста за справување со различни природни непогоди и други несреќи.
 
ТППЕ Велес претходно има две слични теренски возила, за високите делови од градот, кои беа донација од Јапонија и Швајцарија.

Заедно со  Велес вакви возила добија уште 13 други градови во земјава, Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар.. Настанот  се одвиваше под слоганот "Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“.

Ова возило е од  исклучително значење за навремени и ефективни интервенции на противпожарната единица во градот. Вкупна вредност  на донацијата е 42,5 милиони денари, со кои се подобрува техничката опременост за противпожарни интервенции.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »