речник контакт

Велешките спасители на вода, присутни на плажите ама летово без работа

На езеро немале интервенции, на базен единаесет, повеќето гости помалку велешани

Петар Печков

Летово што замина, членовите на Здружение за безбедност на вода и планина Велес ,,Македонски спасител,, беа присутни по велешките плажи, но немаа многу работа.  Кај веќе поставениот спасителен пункт- кула , петта година по ред на втората плажа  на езеро Младост почнувајќи од ј ули, секој викенд и национален празник, тимови од по спасители на вода ги обезбедуваа  плажите.  

За два месеци, колку што беа таму присутни,  немаа интервенции. Годинава концесионерот на Градскиот базен во Велес повторно се одлучил за услугите на Македонски спасител, каде што тим од  спасители на вода беа професионално ангажирани за безбедноста на капачите во базенот. Имале  единаесет  навремени и успешни интервенции.

На езеро луѓето не` препознаваат, немавме интервенции. За Градски базен состојбата е изненадувачки добра, споредбено со изминатите  години, имавме малку интервенции. Од година во година се намалува бројката.   Треба да се знае дека добар спасител е тој кој нема   интервенции.  Добрите спасители вршат добра превенција, ги информираат, подучуваат присутните  на   капачите, што не` треба да прават.  Позитивните коментари кај посетителите  на езерото  го потврдија нашето залагање за постојана професионална спасителна служба во летниот период – рече Ангел Пановски претседател на   Здружение за безбедност на вода и планина Велес ,,Македонски спасител,,. Членовите на здружението оваа работа ја извршува волонтерски, бесплатно.

Единаесетте интервенции на Градскиот базен се на  лица  на возраст од 9 до   60 години,  гостин од Австралија.  Четворица биле од Велешко, останатите од други градови од земјава, најчесто од Скопје.   Тие на капачите им делеле  едукативен материјал, флаери  со што посетителите се едуцирани како да се однесуваат на плажа и при капење во езерото.  

Беа присутни и на велосипедската тура,,Азот,, каде имале три интервенции, врз велосипедистите, кои се повредиле при возењето а најсериозна била една скршеница на рака. Интересно е  што годинава на  ,,Водици,, имале две интервенции токму над тие што го фатија крстот.  

Годинава на езеро Младост ја одржаа втората обука за спасувањето на отворени води за деца и млади од 9-16 год на која учествувале и успешно ја минале 15 кандидати.

Покрај спасителната служба напоредно здружението  Македонски спасител организираше летната пливачка школа во која над стотина  дечиња на возраст од 5 – 16 год ги научија основите на пливањето.

Нивни членови на покана од колегите во Дојран биле дел од спасителниот тим кој ги обезбедуваше учесниците на  завршниот пливачки маратон во Дојранско езеро.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »