речник контакт

Велешките студенти по туризам и угостителство ќе можат дел да учат и во некој европски универзитет

Студентите од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и дисперзираните студии од Велес, од наредната академска година ќе можат преку програмата „Еразмус“ дел од студирањето да го минат во некој од европските универзитети.

Петар Печков

Основен услов за пријавувањето за програмата е студентот да има македонско државјанство и во моментот на реализирање на мобилноста да е запишан најмалку на втора година до дипломски студии.

Според програмата, висината на стипендијата што ја обезбедува програмата „Еразмус“ изнесува 310 евра  месечно, додека патните трошоци и здравственото осигурување се на товар на кандидатите.

Оваа програма ќе овозможи студентите да престојуваат од три од 12 месеци на кој било  од универзитетите што ја поддржуваат програмата „Еразмус“ и тоа во Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Летонија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

„Еразмус“ претставува програма за размена на студенти на Европската Унија воспоставена во 1987 година. Всушност, тоа е најзначајниот дел од т.н. „Европска програма за доживотно учење  2007–2013“  и е оперативна рамка за иницијативите на Европската комисија во областа на високото образование.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »