речник контакт

Велешко езеро изчезнува чекајќи концесионер

За изминатите десетина дена нивото на езерото Младост е спуштено за нови десетина сантиметри. Ова е видливо на браната од акумулацијата која е сведок на таинственото изчезнување на водата, деновиве повторно присутно.

Петар Печков

За изминатите десетина дена нивото на езерото Младост е спуштено  за нови десетина сантиметри. Ова е видливо на браната  од акумулацијата која  е сведок на таинственото изчезнување на водата, деновиве повторно присутно. За разлика од пред половина година, овој пат тоа е во поголеми размери и според стручњаците кои го мереле нивото пролетва и сега, тоа е пониско за 60 цм или од него снемало половина милион кубни метри вода, наспроти максималните осум милиони кубици кое  езерото ги собира во оптимални услови. Извори од ресорното Министерство за земјоделство тврдат дека се запознати со состојбата. Велат дека езерото е без концесионер, бидејќи претходниот, фирмата „Лозар“ од Велес, пропаднала. Се прават подготовки за издавање концесија и се надеваат дека до почетокот на следната сезона за наводнување ќе се врати вообичаеното ниво на водата.
 
„Лозар“ пропадна, а за концесијата на езерото никој не се грижеше. Состојбата е алармантна, се работи на случајот и се надеваме дека до Нова година ќе се објави огласот за ново издавање под концесија - велат во Министерството. Градоначалникот на Велес пак бара надлежните државни институции да извршат истражување и се пронајде каде оди водата од велешкото езеро, откако еден од можните причинители е елиминиран.

Со сигурност можеме да кажеме дека Колекторскиот систем не е причината за губењето на водата. Стручњаци од ЈКП Дервен и локалната власт го прегледаа во целата негова должна и тој е исправен. Затоа барам државните инспекции да проверат каде оди толкаво количество на вода. Дали е тоа порад? наводнување  или нешто трето, потребен е одговор што поскоро – изјави Горан Петров градоначалник на Велес. Водите на оваа вештачка акумулација која се простира на површина од еден километар квадратен се користат за наводнување на околу 800 хектари лозови и овошни насади. Бројните кампери кои тука престојуваат со години посочуват дека ова е трета година како се случува рапидното намалување на нивото на езерото.

На велешко езеро минеме по половина година и сведоци сме дека годинава не е прв пат да се случува вакво  големо намалување на нивото, така беше и претходните две години. Ова се поклопува со продажбата на околните насади од некогашен Лозар на новите сопстеници – велат летувалци кои покрај брегот на Младост престојуваат десетина години. И велешките екологисти бараат што поскоро да се открие причинителот на изчезнувањето на водата од езерото. За нив е несфатливо што нема мерен инструмент кој ќе го покажува нивото на езерото.  Своевремено  во близина на браната имало мерка но пред  неколку години некој ја украл, па  сега не се знае ниту колку е неговиот водостој, ниту колку е биолошкиот минимум, така што се е оставено на времето и совеста на поединци.

Чудно е што Управата за водостопанство е известена а ја нема да види што се случува со велешкото езеро. Имаме впечаток дека го користи кој ќе стигне без за тоа да се внимава на минималното ниво и биолошкиот минимум. Езерото Малдост е како село без кучиња, никој на се грижи за него – реагираат велешките екологисти. За нив е несфатливо како може од Отовичка река да доаѓа три пати повеќе вода  во езерото отколку што истекува од браната а нивото осетно да се намалува.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »