речник контакт

Велешкото езеро Младост стана шкотското Лох Нес, кој го касна детето

ТРМР истражуваше за приказната која во Велес деновиве е тема број еден, што и кој го каснал детето пред некој ден

Петар Печков


 Иако не е први април, сигурно ја слушнавте приказната дека на велешко езеро НЕШТО каснало дете и тоа останало без нога. Сом, ајкула, како деновиве минуваат така интензитетот е се поголем  а приказните се пострашни.

Заради вистината ТРМР се обрати до единствените кои можат да кажат што се случило, луѓето кои мораат да знаат ако нешто такво имало, докторите. Директорот на ЈЗУ Општа Болница д-р Ванчо Граматов изјави дека последните две седмици кај нив не е примен пациент на кој му е оштетен било кој екстремитет, рака нога како последица на каснување од било што а најмалку од некакво животно во езерото Младост.

И началникот нa Итната помош д-р Владо Хаџи Наумов со идентичен одговор, дека тие не интервенирале во настан каде на дете му е гризната нога.  И двајцата доктори се насмеаја бидејќи и тие ја слушнале оваа ,,страшна,,приказна, и сакаа на овој начин да демантираат дека на велешко езеро Младост имало било каков инцидент поврзан со каснување на дете од некакво  водно животно.

Луѓето што таму кампуваат пак посочуват дека приказната е почната откако пред недела дена таму е каснато  тригодишно дете од Штип, од  одбегнато ротвајлер куче. Овој настан е евидентиран и од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »