речник контакт

Велешкото обвинителство бара парични казни за осум сограѓани, кои се движеле низ град во време на полициски час

Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против осум  лица за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 

Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата, донесена од Владата  на Република Северна Македонија. Во временски период додека бил во сила полицискиот час, пеш се движеле по улиците на Велес што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес- информираа од ОЈО Велес.

Од  велешкото обвинителство предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »