речник контакт

Велешкото обвинителство со две предистражни постапки, за непочитување на мерките за заштита од ковид-19

ОЈО Велес истражува за случаите на вработените во текстилна конфекција и за свадба чии сватови со музика се движеа по улиците низ градот а во врска со примената на мерките за заштита од ковид-19.

Петар Печков

Велешкото јавно обвинителство започнало две предистражни постапки, за два настани,за случаите на   вработените во текстилна конфекција и за свадба чии сватови со музика се движеа по улиците низ градот а во врска со примената на мерките за заштита од ковид-19.

Информацијата за ТрМр  ја потврдија од ОЈО Велес. 

Првиот настан  е  поврзан околу  условите за работа, на  што  се жалеа дел од вработените   од текстилната конфекција, кои јавно кажаа дека иако имале симптоми на КОВИД-19, не им било  дозволено да отсуствуваат од работа се додека не ги добијат резултатите од земениот брис. 

Д-р Жарко Караџовски неодамна изјави дека во периодот кога во Велес за пет дена беа регистрирани 36 случаи, 20 водат кон еден кластер. Државниот трудов инспекторат, за безбедност на работа соопшти дека  бил во посета на конфекцијата, минатиот петок, за проверка на овие наводи,  но наишол на затворени врати 

Вториот настан е свадба која   се случи минатиот петок, во стариот дел на Велес, кога сватовите со музика  одат по невестата, без заштитни маски и во група од  триесетина  лица.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »