речник контакт

Велешкото семејство Усеинови, живее во мизерија

Шестчленото семејство преживува со три илјади денари

Петар Печков

Откако Мустафа Усеинов  (44 години) останал без работа, неговата жена и неговите 4 ќерки (7.5 год.; 6 год; 5 год. и 2.5 год.) останале без корка леб. Мустафа  е приморан секој ден да собира и продава шишиња и да работи се што би му донело макар и 10 денари за да може да си го прехрани семејството. 

Трошната и стара куќа во која живеат полека се распаѓа. Ѕидовите попуштаат и се ронат од влага, кров има, но исто како да нема. На местото каде некогаш имало прозорци сега има огромни дупки кои се затворени со најлони. Врати искршени кои не се затвораат ги делат собите една од друга.

Напатената мајка . нема ни каде да им направи јадење на своите деца. Кујна нема. Тоалет нема. Услови за живот -нема. Струја имаат, но не за долго. Поради четирите неплатени сметки ќе им ја исклучат во секој момент. Водата која ја користат е од пумпа во дворот која во секој момент од студот  може да замрзне.

На овие ниски температури децата се боси, без обувки, без топла облека. Душата и срцето им плаче на овие напатени родители кога нивните деца мора да си легнат гладни. 

Да им покажеме на овие напатени души дека животот не мора да биде толку суров и дека постојат хумани луѓе. Да донесеме радост во нивниот дом и детските очиња да ги исполниме со среќа наместо солзи.

Пуста сиромаштија, глад и студ во коските. Четири гладни дечиња чекаат корка леб од своите родители. Мајка и татко невработени , со скршени срца кажуваат како преживуваат со социјална помош од бедни 3000 ден.

Како Вие би им кажале на своите деца дека денес може само еднаш да јадете !?

Старата трошна куќа во Велес е се освен дом. Суровиот живот ги натерал да прежививаат во неподносливи услови, во куќа без кујна и тоалет, со искршени прозорци и ѕидови изронети. Врз земјениот под ставени по неколку теписи за да не се чувствува студ. Долгови за струја и вода во вредност од 70 000 ден.

Дали ова се условите во кои е прифатливо некој да живее? НЕ!!!

Потребни се храна, облека и обувки, прозорци и врати, машина за перење алишта, целосна опрема за кујна и тоалет, финансиски средства за да се подмират долговите...

Мустафа Усинов

Бр. на сметка: 300 277 022 147 261

Комерцијална Банка АД Скопје

текстот е преземен  во целост од ФБ групата која сака да им помогне на  семејството Усеинови 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »