речник контакт

Велешкото трио „Дамар“ одржа концерт во Рим (видео)

Во Рим во античкиот театар Марчело, тие премирно ја отсвиреа композицијата „Македонска елегија“

Петар Печков

Велешкото трио „Дамар“ минатата седмица имаше настап во Рим, каде музицираше   на фестивалот „Concerti del Tempietto“. Концертот на велешаните Менка Богоевска и Васил Богоевски на виолина и Илија Настовски на пијано се одржа во античкиот театар Марчело, во срцето на Рим.

Фестивалот годинава одбележува 35 години од постоењето. Триото „Дамар“ настапи со дела од Бах, Вивалди, Пахелбел, Шостакович и Крајслер, а на крајот премиерно беше изведена композицијата „Македонска елегија“ којашто претставува сплет од две велешки песни „Што ми е мило  и  ем драго“ „Елено ќерко“  и една кавадаречка народна песна „Дафино вино црвено“, во аранжман на Трајче Малинов и Илија Настовски.

Петте пиеси на Шостакович беа посветени на 48-годишнината од неговата смрт.

Виолинистите Менка Богоевска и Васил Богоевски во придружба на пијанистот Илија Настовски, присутната публика, ја освоија со нивниот настап. На концертот присуствувал претставник од амбасадата на Македонија при Светата столица во Ватикан, господин Борјан Топуковски.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »