речник контакт

Велигденска добротворна продажба на волонтерите на Црвен крст од Велес (фото)

Млад пар од Велес кој сакал да остане анонимен, донирал 50 толпи оброци за социјално ранливите категории.

Петар Печков

Традиционално секоја година волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Општинска организација Велес го одбележуваат празникот Велигден. Оваа година тоа го направија на штанд на кој ги изненадија граѓаните со рачно изработени велигденски јајца.

Поголем дел од велигденските јајца се изработија на заедничка работилница со  посетители  од Дневниот центар за лица со посебни потреби. Јајцата и останатите продукти е продаваат, велешани ги купуваа и биле собрани три илјади денари, средства кои ќе се искористат за лицата од социјален ризик.

„Велешани ни вратија со хуманост, дадоа донации кои ќе се искористат за помош на лица кои живеат во социјален ризик. На велигденскиот штанд освен јајцата како симбол за празникот, граѓаните добија, мафини, вода и велигденски честитки со посвета“ - изјави Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.

Млад пар од Велес, кој сакал да остане анонимен, донирал  50 топли оброци за дел од граѓаните кои го посетија штандот. Тие биле поделени на возрасната група лица, кои дошле, но и на лица од социјален ризик, кои се познати на Црвениот крст а минувале покрај штандот. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »