речник контакт

Велигденски базар, со хуманитарен карактер (фото)

Собраните средства од продажбата на Велигденскиот базар се наменети за хуманитарни цели

Петар Печков

Пред платото на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ се одржа хуманитарен Велигденски базар организиран од Општина Велес.

На тезгите беа изложени ракотворби со мотиви на најголемиот христијански празник и вапсани јајца во различни бои, изработени од децата од основните и средните училишта заедно со наставниците, како и од волонтерите на ОО на Црвен крст Велес.

Собраните средства од продажбата на  Велигденскиот базар се наменети за хуманитарни цели.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »