речник контакт

Велигденски хуманитарен саем за помош на сограѓанка (фото)

Го организираше здружението Креација 2009

Петар Печков

Со желба да се помогне на сограѓанка, велешките жени од здружението ,,Креација 2009,, организираа хуманитарен велигденски саем.   Се продаваа изработени велигденски украси и велигденска храна. 

Темата на овој наменски велигденски саем е хуманитарна. Собраните средства од продажбата ќе бидат донирани на наша сограѓанка, на која и се неопходни. Сите експонати се рачно изработени од  наши членки и наши поддржувачи  а се наменети за продажба. Нашата цел беше да излеземе во пресрет на нашата сограѓанка да и помогнеме. Експонати што се подготвени велигденски, се погоди да е баш пред овој празник  - рече Рајна Стојанова претседател на здружението ,,Креација 2009.  Додаде дека тие не организираат ваков хуманитарен настан за прв пат. Досега често излегувале во пресрет на потребите не само на социјални случаи од Велес туку и пошироко.  

За настраданите од поплавата во Стајковци, го дониравме целиот приход од Сладоледијата. Таа фамилија ни е и до ден денес пријател и сме многу блиски со членки од здружението - додаде Рајна.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »