речник контакт

Велигденско чистење на домовите од габаритен отпад

Почнува петок 10-ти март, трае до 10-ти април, акцијата е бесплатна

Петар Печков

Од 10-ти март  до 10-ти април  годинава се организира пролетна акција за собирање на габаритен отпад.. Вообичаено таа се изведува во пресрет на Велигденските празници, и традиционалното чистење на домовите од непотребни работи.

Доколку граѓаните  имаат потреба за отстранување на  ваков вид  отпад од своите домови да се пријават  во ЈКП Дервен, на телефон  043/233 768. Годинава оваа акција која ја спроведуваат Општина Велес и ЈКП Дервен е по шести пат.  

Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна, потенцираат од ЈКП Дервен.  

Во габаритен отпад спаѓаат: делови од мебел, душеци, дрвена амбалажа, столарија, пластични сандаци, гајби, алатки, стари велосипеди, пружини, радијатори и санитарни елементи.. Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна - велат од ЈКП Дервен.

Пријавувањето е  секој работен ден од понеделник до петок од 07.до 15 часот, и во сабота од 7 до 12. часот. Изминатите години просечно  се  собирале по  50 м3 во текот на еден месец.  Во ланската акција биле собрани 285 парчиња габаритен отпад од 111 семејства, со што ЈКП Дервен смета дека е таа е успешна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »