речник контакт

Велигденско јајце, изработено од децата (фото)

Се понудија различно вапсани јајца, креации на децата од Велес

Петар Печков

Во Младинскиот парк се одржа  манифестација  ,,Велигденско јајце,,  на која учесници беа учениците од сите основни и средни училишта, средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“, ПОУ „Маца Овчарова“, волонтерите на ОО Црвен крст Велес, Дневниот центар на лица со посебни потреби, и Детската градинка „Димче Мирчев“. Кон шаренилото на велигденските јајца, креативноста и вештината на најмладите, се придружија и Организацијата на жени, ЗГ „Креација“ и Активот на жени пензионерки кои ги прикажаа традиционалните специјалитетите од велигденската трпеза.

Манифестацијата  се одржа во пресрет на големиот Христијански празник ,,Велгиден,, а собраните средства од продажбата на јајцата беа наменети за секој штанд, според своите потреби.

На уредените штандови се нудеа на продажба најразновидно украсени велигденски јајца, корпи и други украси и реквизите за овој празник кои учениците сами ги изработија со голема умешност и вештина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »