речник контакт

Велосипедизам и планинарење на Азот 2017-та (фото)

300 учесници на outdoor настанот, некои возеа велосипед, други пешачеа

Петар Печков

Околу 300 велосипедисти учествуваа на третиот по ред „АЗОТ 2017 маунтинбајк  предизвик“, кој   викендов се одржа во Богомила. Патеката по која возеа велосипедистите беше во должина од 38,4км  -висинска разлика  од 1249м.  Поради безбедносни причини патеката за големиот маратон била затворена.

Задоволството ми е поголемо поради фактот што од сите учесници  има само една мала повреда. Тоа е факт кој зборува дека нема повеќе „туристи“ на вакви outdoor настани,односно дека секој кој решил да вози на моменти тешки услови, доаѓа спремен како физички, така и психички и што е најважно, ги почитува правилата поставени од организаторот – вели Зоран Јаневски организатор на настанот.

На оваа тура земаа учество околу 300 учесници, еден гостин од Литванија и неколку странци кои живеат и работа во Македонија. 30-мина планинари пешачеа кон Мокрени до месноста „Стојкова ливада“. Патеката за планинарите беше во должина од 11,5км. Истата ја поминаа 40-на учесници.

 фото ФБ   Азот МТБ Предизвик 2017

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »