речник контакт

Велосипедистот Виктор Ванчевски е спортист на Велес за 2023 а ОК Борец е екипа на годината (фото)

Изборот е на Сојузот на спортови на град Велес, кој годинава се одржа по 64 пат

Петар Печков

Велосипедистот Виктор Ванчевски член на МВК Велес е спортистот на Велес за 2023 година, додека екипа ан годината е ОК Борец. Ова е изборот на комисијата при Сојузот на спортови на град Велес, каде членуваат 62 клуба. Признанијата им беа врачени вчеравечер, четврток во салата на Општина Велес.

Ванчевски е трет  на државно првенство У23 хромометар, второ место државно првенство У23, првопласиран во лига систем на натпревари на Велосипедска федерација У23. Одбојкарскиот клуб ГОК Борец беше учесник во финалето за шампионската титула и го освои второто место, како и финалист на Купот на Македонија, каде беше прозен во финалето.     

На листата од 10 најуспешни спортисти, после Ванчевски се најдоа Александар Златаров, кајак спуст члена на ККК Арка Борец, Ангел Жабев, одбојкар на ГОК Борец, Ангел Петрушев кајакар на ККК Вардар, Христијан Стојанов стрелаштво член на СК Велес, Кристијан Ванчевски велосипедизам член на МВК Велес, Марина Арсовска карате клуб Гладијатор, Ели Панова стрелаштво член на СК Велес, Донче Бојчев кошаркар на КК Борец баскет и Јосиф Манасиев фудбалер на ФК Борец.

Кај сениорските екипи после ОК Борец се  екипата на   на ККК Вардарна и  КК Гладијатор. Тренер на годината кај сениорите е Славче Тренковски од БЏЏ Будо Велес.

Кај младинските клубови најдобар е КК Борец Баскет, Стрелачки клуб Велес па ККК Вардар , додека тренер кај младинците е Љубомир Спасиќ од ККК Арка Борец.

На 64 по ред манифестација беа вреднувани и спортските активности во училиштата. За најдобро средно училиште беше прогласена Гимназијата Кочо Рацин а за професор Славо Давитковски, додека во основните ОУ Васил Главинов и професорот Милан Радевски.

За амбасадор на велешкиот спорт признание доби Филип Лепидовски одбојкар кој од оваа есен игра во Првата српска лига во екипата на ОК Таково од Горњи Милановац. 

За спортски подвиг признание доби младиот Слободан Димовски кој ги искачи планинските врвови Глосглокнер и Матерхорн.

Признание за судија доби Петар Новачев, фудбалски судија.

Најдобра спортска манифестација во оваа 2023 година беше Пливачкиот маратон, годинава одржан по 10 пат и беше дел од серијата на Европскиот куп.

Признание доби и АК Борец за одржување на најмасовните спортски манифестации годинава во градот, двете атлетски трки за „Трчаме за Рацин“ и за ослободувањето на Велес.

 фото Општина Велес

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »