речник контакт

Велосипедска трка низ градскиот парк во декември

Еден- два победа за младинците на МВК Велес, Николов и Цветковски

Петар Печков

Во Градскиот парк се одржа вело –крос- Велес,  велосипедската трка во природа. Учествуваа стотина велосипедисти од десетина клуба во Македонија а трката се бодуваше за ранг листата на ВФМ. 

Натпреварувачите од организаторот МВК Велес   се покажаа како најдобри во младинска конкуренција. Таму ги освоија двете први е места Кристијан Николов пред Драган Цветковски а трет беше Влатко Рабаџиски од Свиок од Радовиш.

Во сениорска конкуренција најдобро време имаше Стојан петровски од Вело-М од Куманово пред Левент Рифат од Денда Скопје и Никола Ѓуровиќ од Вело-М Куманово.

Возеа и учесници во категоријата маунтин бајк а таму првото место му припадна на Стојан Хаџиевски од Свиок Радовиш, пред Лазе Миновски од ЕВТ Скопје и Влатко Рабаџиски oд Свиок Радовиш.

Кај младите кадети  победија браќата Кристијан и Виктор Ванчевски од МВК.Се возеа кругови низ Градскиот парк кои беа во должина од 2 км.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »