речник контакт

Вемед подари постелнина за Општата Болница

Обновена е постелнината во велешката Болница, што не се случило во последните десет години

Петар Печков

Фабриката за медицински материјал ,,Вемед,, од Велес  и подари постелнина, чаршафи и перници на Општата Болница. Наместо за новогодишни подароци,  фирмата, средствата ги отстапи за оваа здравствена институција, која десет години не ја обновила постелнината.

Одлучивме да подариме на велешката Болница, место на кое и е потребна ваква донација, институција која  ја посетуваме, поради нас, наш близок. Сметаме дека профитот не е се, дека е потребно д а се помогне кога на некој тоа му треба – изјави Бојана  Димовска  директор на фабриката Вемед. Ова е петта година по ред како тие за Новогодишните празници, наместо подароци,  средствата ги пренаменуваат за донации.

  Донацијата е голем гест за нас, бидејќи подолг период не е обновена постелнината. Во недостаток на средства секогаш некаде се крати па затоа е добро што таа сега ќе биде обновена. Добро е кога и други фирми би го следеле овој пример – изјави д-р Атанас Василев в.д  директор на Општата Болница во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »