речник контакт

Верижен судар во тунелот кај Башино село

Верижен судир на шест возила и петмина повредени се случи вторникот вечер во тунелот во Башино Село на влезот во Велес.

Петар Печков

Поради ова  сообраќајот на автопатот Скопје – Гевгелија беше во застој еден час и се создаде  километарска колона возила која стигнувала до железничката станица Рајко Жинзифов, велат возачите кои жестоко реагираат по синоќешниот судир кој го блокира сообраќајот. 

Повеќе од еден час сообраќајот на автопатот беше во прекин, не можевме ниту за Велес ниту назад кон Скопје. Во тунелот имало сообраќајка на повеќе возила, па се создаде таква гужва, што моравме да чекаме во место. Во едно возило имаше трудница во деветти месец, која се вознемири и лесно можеше да се породи на автопат. Полицијата слабо реагираше, можеше тоа да заврши без таква тензија. Добро е што беше вечер, па немаше поголема фрекфенција на коли, бидејќи во спротивно ќе се создадеше уште поголем метеж  – велат возачите кои трпеливо чекале да го продолжат патувањето.

Според полицијата првата сообраќајка се случила во 21,05 часот во тунелот кога се судриле скопско ауди управувано од С.Т. ( 33 год) и фолсфаген венто со времена регистрација управувано од прилепчанецот Б.С. ( 39 год). По пет минути на нив налетала колона од четири возила. Прво удрил мерцедес со скопски регистарски таблички управуван од Б.А. (26 год), па камион Сканија управувано од  М.С. ( 42 год) од Студеничани, па БМВ со бугарски регистарски таблички управувано од М.М ( 32 год) и сеат алтеа, возило на МВР управувано од Н.Н. (29 год).

При судирот повредени се пет лица од кои најтешко М.И. сопатникот во БМВ кој се здобил со скршеници. Сите се згрижени во велешката Болница но веднаш се пуштени на домашно лекување. Во овој сериски судир направена е значителна материјална штета, проценета на половина милион денари.

Првичните неофицијални информации за причината на сообраќајната несреќа според сведоците е неприлагодената брзина на возење, влажниот коловоз поради  обилните врнежи и недржењето на прописно растојание. Сообраќајот бил во прекин од 21,05 до 22,10 часот.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »