речник контакт

Верувања и суеверија од Велес

Запишал Ѓошо Бојаџиов, објавено 1893 г. Ако му писне уото некому ќе му умре врсник. Ако му горат ушите некому го зборуат негде. Кокошките ако си легнујат рано годината ќе биде без берикет

Петар Печков

1. Ако се згоди на куќата на некого да кука кукавица, домаќините на таја куќа ги стра, да не умре некој од ни таја година.

2. Буот кога буа ноќе, ќе фати лошо време, ќе врне дош или снек.

3. Кокошките ако си легнујат рано годината ќе биде без берикет.

4. Има чешми шчо пресекнујат, кога је гладна годината. Тија чешми кога да протечат, годината ке биде берикетна.

5. Ако му писне уото некому ќе му умре врсник. Ако му горат ушите некому го зборуат негде.

6. Петле шчо је родено на прф Марта, секој пат запева најнапред од сите петли.

7. Колку коса толку аир. Секој продавач прф пат коа ќе продаде от стоката, сос некоја от парите шчо ке ги земе ке си потрие брадата или косата, за да има „колку коса, толку аир“.

8. Понеделник. Ако заработи некоја со мрзева у понеделник, са недела ке работи мрзливо, така и ако се лути и ако се кара, са недела ке се лути и ке се кара.

Така и пари ако зададе некој у понеделник, са недела ке дава пари, от тоа секој да се чува да не дава пари у понеделник.

10. Полаза. Ако наутро на некоја жена, шчо почнала да работи, детето или некој друг иј дојде при неа со немиен обрас да иј види работата, жената се лути за полазата, това ќе иј донесе мрзева, та у тој ден не може да извади нишчо работа.

11. Среќа. Стари баби и друзи жени и мажи се чуваат наутро, кога излезујат од дома за да не им земе некој патот, да не помине  некој на крс на нијното одене. Ги стра, човекот шчо ке ги стрете, да не је несреќен, та цел ден не можат да видат аир от работата. И ако се згоди работата на некоја да се погреши у лутината ќе рече: „Ме срете еден несреќник“. Има среќен човек има и несреќен. Со среќен човек ако се здружиш, ќе имаш напредок у секоја работа, ако се здружиш со несреќен, што да фанеш се ќе губиш.

12. Потка (зарек). Има многу жени и мажи заречени поради некоја болест шчо страдале и от шчо им нарачала бајачката, кога ги лекуала да не се мијат глава, да не се бричат и да не се бањаат, - едни у торник, друзи у петок. Ако ја расипат потката от непослушуне или от незнаење, бељата (несреќата) пак им се повраќа.

13.  Кога да излезе некој на пат од некоја куќа, фамилијата негова не мете у куќата до вечерта, за да не се разбере, оти душманите го исчистујат и патинкот као ѓубрето.

14. Дури дои дете мајката не бива да пие вода. Ако се напие вода мајката, кога иј цица детето, млекото иј се чени како вода.

15. Кога се прави оџак на куќа, мајсторот требе да гледа да не му се испушчи мистријата надоле у оџакот. Акјо се стори пакос да се испушчи мистријата  димот после ќе се враќа назад, накаде огинот.

16. Кога им се менујат забите на децата, извадениот зап ќе го земат, ќе го држат врака и пулејќи се кај шчо ќе го фрлат викат до три пати: „Врано, врано, вранице, на ти коскен зап, дај ми сребрен.“- и после го фрлаат забот.

17. На венчавањето младоженците се чуваат да не се настапи еден друк. Ако без да сакат да се настапат, настапениот ќе лежи болен, а кој шчо настапил ќе биде здраф.

18. Рибар коа оди на риба, не бива да му се рече: „Со здравје“ оти така нишчо не ќе фати. Затова рибарите многу се лутат, кога да им рече некој со здравје.

19. Успивање дете. Кога го тура детето да спие, от како ќе го повие, мајка му си тура раката на челото на детето, прави крс и вика: крс на чело, после ја симнуе раката на мешето на детето и вика крс на срце, после на нозите на детенцето и вика: плах (упла, уплах) под низи. Така прави до три пати и секој пат му го стиснуе носето.

20. Ако се згоди некој покрај патот кај шчо заминујат волоите кога си идат од оране, ке им постане и ке стои додека да поминат.  Ги послагујат (им прави чест) оти везден тегнат земња, за да не ранат.

22. Жени што не раѓат кога одат на манастир зимаат д’лзи вошчени свеќи, за да ја заградат црквата на манастирот, и дента на празникот ја заградујат и така црквата окулу-наокулу, та после ке добијат челат. Ушче се спровирајат до три пати низ дупени дрва и камења и от това се добива раѓата. От Велес и от селата жените одат у четвртоците по Велигден на Црн Камен, еден и пол саат на југ от Велес, на деснијот брег на Вардар. От камењот прска силна вода и жените стојат близу до него, за да ги напрска за да добијат чедо.

23. Кум от сокак. На тија шчо не им трајат децата отеднаш по раѓањето уште не задоени ги остават децата на сокак, како да ги фрлиле. Коа да го фрлат така детето, бабицата или друга жена стои зад портата и гледа кој ќе го најде прф. Кој да биу било да го најде детето стига да је рисјанин, бездруго требе да му биде кум.

24. Мајка шчо нема татко и мајка, шчо и умреле не бива да ги исплетуе првите чорапчиња на децата. Ако ги исплете, кога ќе дојдат децата на нејзините години ке им умре тако им и мајка им.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »