речник контакт

Верување за Преображение во Велес

Ноќта спроти Преображење се јавуе на небото Божја врата, се отвора небото...

Петар Печков

Преображение Господово се празнува секоја година на 19 август, за време на Богородичините пости, пред празникот Успение на пресв. Богородица (Голема Богородица.)

Во врска со овој празник Д. Матов забележал дека во Велес се верувало оти „ноќта спроти Преображење се јавуе на небото Божја врата, се отвора небото, сам Господ се јавуе. Кој шчо је праф човек, може да је види Божја врата и, шчо да посака, му дава Госпот, ама вратата стои малку време отворена. За това мајките им викаат на децата да не спијат и да чекајат да ја видат Божја врата. Им прикажујат и приказната за тој шчо рекол: „Дај ми, Боже еден шиник глава“, место да рече: „Дај ми Боже еден шиник пари“ - и шчо му пораснала главата колку еден шиник та не можел да си ја извре главата од пармакл'ците, дури не ѓи искршиле.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »