речник контакт

Весела географија, ЕУ без Полска!!

Велешките гимназијалци власта ги учеше за ЕУ во која ја немаше Полска.

Петар Печков

 Учејќи ги велешките гимназијалци за Европската Унија, за функционирањето и земјите членки, македонските власти ја прескокнаа Полска како една од нејзините  27-те  држави. На видео презентацијата ,,Едно семејство, еден дом,, потпишана од Владата на Република Македонија и Секретаријатот за европски прашања недостасуваше оваа држава.

Иако ги имаше сите останати 26 заедно со знамето на ЕУ, го немаше знамето на Република Полска. Уводничарот на темата, министерот за правда Михајло Маневски откако беше прашан за овој пропуст, одговори дека ,,најверојатно е заборавена,, . На ова одговор  побрзаа да дадат од Секретаријатот за европски прашања со објаснување дека ,,немало доволно простор и место за уште едно знаме, покрај постојните,, . 

На овие одговори се насмевна евро - амбасадорот Ерван Фуере, кој беше присутен на трибината, но не сакаше да го коментира овој гаф на македонските власти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »