речник контакт

Весна Димитровска

Велешката актерка Весна Димитровска деновиве ќе замине во Хрватска, каде што ќе учествува на снимањето на новата телевизиска сапунска серија на продукцијата „АВА“

Петар Печков

Весна Димитровска ќе игра во 60 од 150 планирани епизоди на „Еден вонсериски човек“.

Велешката актерка Весна Димитровска деновиве ќе замине во Хрватска, каде што ќе учествува на снимањето на новата телевизиска сапунска серија на продукцијата „АВА“. Таа ќе игра во најмалку 60 епизоди од серијалот „Еден вонсериски човек“, која треба да има 150 продолженија.

- Хрватскиот продуцент ми се јави, се договоривме и го прифатив ангажманот во серијата. Среќна сум бидејќи ќе сменам работна средина, ќе добијам ново искуство и ќе видам како работат таму - вели Весна Димитровска, која ја добила улогата по препорака на пријател од Скопје.

Таа од матичната сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ ќе отсуствува најмалку три месеци, колку што се планира да трае снимањето на серијата.

Во неа Весна ќе игра сопственичка на банка и ќе зборува на македонски, а договорот не и\' дозволува да открие повеќе детали. Неофицијално, таа за една епизода ќе добие хонорар од околу 500 евра.

Извесно е дека во серијата „Еден вонсериски човек“ ќе настапи познатата екипа на хрватски актери што деновиве се актуелни во неколкуте хрватски сапуници. Според планот, оваа серија на програмата на ХТВ ќе се емитува во наредната есен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »