речник контакт

Ветерот искрши гранки на дрвја во паркот кај Ликовниот

До Центарот за известување нема стигнато други поплаки за евентуални штети во Велес

Петар Печков

Неделата попладне и вечер велешко го зафана силен ветер и дожд. И покрај тоа што Велес доби метео станица пред три години, податоците не се достапни за јавноста, па не е познато со колкава брзина вчера дуваше силниот ветер. Брзината не е позната, но се знае дека едно од дрвата во паркот до Ликовниот салон е со скршени гранки. Среќна околност е што немало паркирано автомобили или сограѓани кои обично одмараат во вечерните часови или случајни минувачи. За причинетата  штетата информираа од ЈКП Дервен.

Силниот ветар проследен со невреме што минатата вечер го зафати градот, откорна две гранки од дрво со  профил над 30см во паркот Каршијака. За среќа немаше човечки жртви или материјална штета. Една од гранките беше опасно навалена врз Ликовниот салон, па утрово работен тим на ЈКП Дервен, со особено внимание, користејќи специјално возило со кран, шест часа работеше на успешно отстранување на оштетените гранки. - изјавија од ЈКП Дервен.

Според информација од Центарот за известување, кај нив не бил пријавен друг проблем кој настанал неделата навечер, по силниот ветер,. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »