речник контакт

Вечерашната претстава на Стоби со хуманитарна цел

Парите од римската комедија на Плаут ,,Приказната за лончето,, за помош на велешанец кој има потреба од скапа хемотерапија.

Петар Печков

ХНК од Вараждин вечерва во 21 часот на Фестивалот на античка драма Стоби ќе ја прикаже претставата ,,Аулуларија- приказна за лончето,, на римскиот комедиограф Тит  Макцие Плаут. Претставата е копродукција на  Месно гледалишче од Птуј Словенија и Вараждинскиот театар, се игра на словенечки, кајкавски и далматински јазик.

Скржавиот татко со претераната скржавост ја тиранизира ќерката, но и слугите робовите. Ќерката ќе забремени откако ќе ја обљуби соседот,а скржавиот татко повеќе се грижи за парите скриени во лонец, отколку за иднината на ќерката – најави режисерот Борис Кобал.

Во претставата играат Нендси Абел Саки, Бранко Штрубеј,Марија Крпан, Маринко Прга, Барбара Роко, Озрен Опачиќ, Митја Смиљаниќ, Ивица Пучар, Зденко Брлек и Дарко Плованиќ а сценографијата и костимите се на Бјанка Аџиќ Урсулов. Приходот од продадените влезници за претставата ,,АУЛУЛАРИЈА,, (КОМЕДИЈА ЗА ЛОНЧЕТО) во изведба на Хрватски народен театар - Вараждин, Република Хрватска, е наменет за хуманитарни цели за помош на велешанец кој има потреба од скапа хемотерапија.

Претходната претстава ,,данската ,,Медеја,, на Театарот на Бети Нилсен не се одржа поради дождот кој започна да врне, откако таа започна да се игра. Поради силните врнежи беше прекината и претставата нема да влезе во конкуренција за награди. Ова е прв пат во 11 годишното постоење на Фестивалот, една претстава да не се одигра поради временските прилики.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »